Надојдените води во реката Ибар во Краљево ги откорнаа омилените ресторани на сплавовите во реката кои за граѓаните од овој град беа место за вистинско уживање.
Од овие објекти повеќе нема ништо, бидејќи водата ги откорна од местата каде беа укотвени покрај кејот на Ибар и со ударите во мостот ги распарчи на делови кои заминаа по течението на реката.