Џенифер Лопез му оддаде почит на свршеникот Алекс Родригез во неделата на Денот на таткото, споделувајќи фотографии oд нејзините и неговите деца на заеднички викенд во Малибу.
На романтичната прошетка по плажата, 50-годишната латино дива чекори боса на песокот во бел фустан со цветен вез и златни очила авијатор.
Заедно со Џенифер и Алекс се нејзините близнаци Максимилијан и Ема (12 ), и двете ќерки на Родригез, Наташа (15) и Ела (12).
Оваа романтична фотографија Џенифер ја сподели на Инстаграм за да им оддаде почит на татковците во нејзиниот живот.