Вил Смит призна пред сопругата дека тешко му паднал разводот од поранешната

Џејда Пинкет Смит во своето ток-шоу „Red Table Talk“ го покани својот сопруг и актер Вил Смит, кој искрено зборуваше за својот неуспешен брак со актерката Шери. Тие беа заедно од 1992 до 1995 година, а потоа решија да се разведат.

„Разводот е најлошото нешто што морав да го поминам затоа што за мене тоа значеше голем неуспех“, рече Вил, додавајќи дека тоа му било многу тешко.

Џејда ја поканила и неговата поранешна сопруга во студиото на шоуто и ги изненадила сите кога јавно ѝ се извинила за тоа што била трета личност во нивниот живот.

„Тогаш не разбирав што значи брак, не сфаќав што значи развод, сега би направила сè поинаку, тоа не беше во ред“, рече таа со солзи во очите.

„Бевме очајни на денот на свадбата. Јас плачев цело време на патот до олтарот. Никогаш не се помирив со идејата за брак и никогаш нема”, призна таа.

Џејда и Вил се една од најпознатите холивудски двојки и заедно имаат син, Џејден и ќерка Вилоу. Многу пати се пишуваше за нивниот развод, но се чини дека нивната љубов сè уште е силна.

 

https://www.facebook.com/redtabletalk/videos/1068231806926090/?t=0

Треба да знаете
Последни објави