Кендал Џенер остана продуктивна додека минуваше доста време со семејството среде карантин.
Моделот неодамна соработуваше со нејзината сестра Кајли Џенер за целосно нова колекција на „Кајли козметка“.
Кендал на својот Инстаграм објави секси фотографија за промоција на колекцијата „Кендал х Кајли“, која многумина ја нарекуваат колаборат на убавината.
Новата колекција на сестрите Џенер беше претставена викендов, а луѓето повеќе коментираа за пакувањата отколку за самиот производ. За многумина, на некои од фотографиите за пакувањето сестрите се во премногу интимна атмосфера.
Колекцијата вклучува сјај за усни, бронзер, хајлајнер и руменило, пудра и палета на сенки за очи.