СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(30) од село Петралинци, Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “недозволено преминување на државнаграница” и “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
На 01.06.2020 на Граничен премин „Табановце” недозволено ја преминал државната граница на лента за излез со патничко возило „мерцедес” и во меѓуграничен простор зел четири лица, сите од Струмица при што ги внел во Р.С.Македонија, со што пријавениот избегнал пасошка контрола и не постапил според здравствените прописи за време на епидемија поради непоседување на ПЦР-тест во врска со Ковид-19.