Владата на седница донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво.
На тој начин, велат од Владата, ќе се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена.
„Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, се наведува во соопштението.