Активен вулканот Канлоан на Филипи, можна евакуација на населението

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека постојат знаци дека вулканот Канлоан на островот Негрос е активен, што може да доведе до евакуација на локалното население.

Институтот потврди дека се забележани знаци кои укажуваат дека вулканот Канлоан е активен. Десетици помали земјотреси се регистрирани на неговиот западен дел, додека претходната ноќ избувна облак од пареа во висина од 300 метри. Сето тоа, заедно со неговата испакнатост, укажуваат на хидротермална активност.

Властите издадоа предупредување во март, кога вулканот започна да покажува знаци дека излегува од неактивниот период, кои се засилија во текот на претходната недела.

Повеќе од 20.000 луѓе во осум села во радиус од шест до 12 километри околу Канлоан би можеле да бидат евакуирани доколку се појави вулканска ерупција.

Официјалните лица во моментот вршат избор на центри за евакуација каде може да се обезбеди и почитување на мерките за физичка дистанца со цел заштита од коронавирусот.

На Филипини досега се пријавени над 32.000 случаи на заразени со Ковид-19 и 1.204 смртни случаи, најмногу во Југоисточна Азија.

Треба да знаете
Последни објави