Сеуште актуелниот македонски, регионален и европски машки ракометен првак, скопски Вардар кој оставува тим за жетва на нови трофеи. Меѓу последните кои пристигнаа во „црвено-црното“ јато е полскиот интернационалец 27-годишниот Патрик Валчак, кој за својата одлука да дојде во Скопје вели дека не можел да го одбие повикот на двократниот шампион на Европа.
-Не размислував многу кога ја добив понудата. Вардар е клуб кој настапува во ЛШ, се натпреварува и во СЕХА и има одлични играчи во своите редови Дибиров, Вујин… Верувам дека ова ќе биде одлично искуство за мене. Добив гаранции дека нема да има никакви проблеми со финансиите во клубот. Имаше уште неколку екипи заинтересирани за мене, разговарав со екипи од Бундеслигата, но коронавирусот си го направи своето, а Вардар не можев да го одбијам. Што се однесува до играта, јас можам да играм и во одбрана и напад, порачал Валчак.
Полскиот интернационалец кој настапува на пикерската позиција во Скопје доаѓа од редовите на Либек од Германија.