За Стојаноска од ВМРО – ДПМНЕ власта не знае да функционира ниту во редовна ниту во вонредна состојба

Дафина Стојаноска, носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6, денеска го посети Теарце каде што истакна дека во текот на вчерашната ноќ се случиле временски неприлики поради кои што во прекин е патот Јажинце – Тетово, а во Општина Теарце односно во две нејзини села настанати се одрони од реката Бистрица додека во селото Доброште се случиле поплави.

Дафина Стојановска посочи дека сето тоа е резултат на временски неприлики, но ефектите се такви поради негрижата неодговорноста и несериозноста како на локалната така и на централната власт.

„Едноставно овие власти не знаат да функционираат ниту во редовна ниту во вонредна состојба за што еве ги гледаме на лице место резултатите. Заради тоа ќе укажам повторно дека на 15 јули имате можност да одлучите дали ќе гласате за една сериозна власт и власт која што ќе се грижи за вистинските проблеми за граѓаните или за власт која што повторно и само ќе ветува, а ништо нема да реализира”, нагласи Стојаноска.

Треба да знаете
Последни објави