Медиумската информативна агенција – МИА, по повод претстојните Предвремените парламентарни избори, ќе ги претстави програмите на партиите, коалициите и независните кандидати врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.
За таа цел, партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на изборите, можат да достават сублимирана содржина на нивната изборна програма по електронска пошта на е-адресата на МИА mia@mia.mk. Текстот треба да содржи најмногу 6.000 карактери.