„Денеска, покрај сите лажни вести кои ги пласираат, покажаа дека се испаничени од пораз на изборите и го преставија срамното и безобразно видео во кое ВМРО ДПМНЕ ги понижува лицата со телесен инвалидитет, тоа знае ВМРО ДПМНЕ, да ги понижува граѓаните. Тоа е разликата, тие ги понижуваат, а ние сметаме дека сите се исти и им даваме шанса на сите.“- истакна Костадин Костадинов на граѓанската трибина на СДСМ во Струмица, на промоција на изборната програма и кандидатите од четвртата изборна единица. Тој пред граѓаните на отворено, со почитување на сите мерки и препораки за заштита на здравјето, дополни дека одлуката на овие избори е лесно да се донесе. „Кога ме прашуваат дали би била тешка одлуката на граѓаните за овие избори, сосема лесно им одговарам дека нема да биде. Граѓаните знаат кој е вистинската опција и понуда, а кој нуди криминал и грабеж. Затоа на 15 јули граѓаните гордо и исправено ќе се одлучат за европска иднина, за интегрирана држава во ЕУ и НАТО.“- порача Костадинов од трибината на СДСМ во Струмица.