Претседателот на Албанија, Илир Мета денеска изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели ќе докажат дека се невини.
– Веруваме во невиноста на претседателот Хашим Тачи и поранешниот претседател на Парламентот, Кадри Весели и сите нивни другари по оружје, напиша Мета на Фејсбук.
Тој додаде дека и претходно биле подигнати обвиненија против поранешните лидери на ОВК, но тие ја докажале нивната невиност и оти тој верува дека и сега тоа ќе се случи.
Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг денеска подигна обвинение против Тачи, Весели и други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиства, прогони и тортура.