Како носител на листата во ИЕ3 чест ми е што денес ја започнувам изборната кампања од регионот од кој и самата јас доаѓам и го претставувам – источниот регион на нашата држава.
Со гордост можам да кажам дека за краток период , направиме навистина голем пресврт на истокот, кој беше еден од најзапоставените региони во минатото.
Денес сме на Пониква, круната на Осоговските планини и едно од местата кои ја претставуваат природната убавина и богатство на нашата земја.
Благодарение на Владата предводена од СДСМ која за време на мандатот од нецели три години вложуваше во развој на патната мрежа на општина Кочани, денес граѓаните и до овој преубав туристички комплекс можат безбедно да патуваат по рехабилитирани патишта.
Обновен е регионален пат Кочани – Пониква во должина од 12 км и вредност од 1.410.000.00,денари,а во тек е и рехабилитацијата на уште 7.4 км во вредност од 676,400.00 денари.
Почитувани,
За три години СДСМ и Владата што ја предводи покажаа одговорност, решителност и визија во решавањето на проблемите на граѓаните и државата. Покажа како вистински се сака и води татковината.
Направивме вистински пресврт. Од економија во минус обезбедивме економски раст, повисоки плати и рекордно ниска невработеност. Од изолирана и заробена држава ,денес сме земја членка на НАТО и земја преговарач со ЕУ.
Донесовме навремени здравствени мерки, а со трите пакети економски мерки помогнавме да се спасат илјадници работни места.
Но, знаеме дека заедно со граѓаните, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро.
Затоа, подготвивме понуда со која обезбедуваме план и решение за уште поуспешно справување со последиците од корона кризата, поголем економски раст, одговорни и силни институции, мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.
Нашата понуда е нова македонска развојна економија. Државата ни припаѓа на сите подеднакво, таа е наша заедничка одговорност. Затоа креираме земја на слободни и одговорни луѓе.
Наспроти ова, од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партија предводена од неодговорниот политичар Христијан Мицкоски, чие деструктивно и незрело однесување е опасност за граѓаните и државата.
Кај ВМРО-ДПМНЕ ништо не се промени, остана истата таа партија заглавена во режимската матрица, без став за ниту едно важно прашање. ВМРО ДПМНЕ секојдневно потврдува дека не се грижи за граѓаните.
Додека СДСМ строго ги почитува протоколите за заштита на здравјето на граѓаните , за ВМРО-ДПМНЕ тие неважат, а со тоа директно го загрозуваат нивното здравје и безбедност.