Носителката на листата на СДСМ во шестата ИЕ Фаница Николоска оствари средба со претставници на фирми корисници на средства од буџетот преку АВСРМ и со раководителот на ПЕ на Агенцијата во Тетово.
Присутните го изразија своето задоволство од реализацијата на мерките за започнување сопствен бизнис со неповратни средства во висина од 5 илјади евра, поттикнувањето нови вработувања и раст на правните субјекти, како и субвенционирање на платите на нововработените.
Агенцијата за вработување покрај овие мерки обезбеди и финансиска помош за познат работодавател – надомест за практиканти до три месеци, како и младински додаток за вработени лица до 23 годишна возраст.
Грижата за вработување на младите луѓе – наша приоритетна цел и обврска.