поддршка на претседателот Доналд Трамп поради справувањето со пандемијата на Ковид-19 падна на најниско ниво, покажуваат најновите накети на „Ројтерс“ и „Ипсос“. Додека новите случаи на зараза растат, Трамп е на удар на критики поради тоа што планира да го намали бројот на тестирања.
Анкетите исто така покажуваат дека Американците сакаат поранешниот советник за безбедност на Трамп, Џон Болтон, да сведочи пред Конгресот под заклетва, откако го обвини Трамп во неговата книга, со информација дека за повторна победа на изборите барал и помош од кинескиот претседател Шји Џјинпинг.
Анкетите покажуваат дека 37 отсто од Американците го поддржуваат одговорот на Трамп на пандемијата, што е најниска поддршка од последната анкета од овој тип, која е спроведена на почетокот на март. 58 проценти рекле дека не го поддржуваат.
Трамп бил бавен во јавното признавање за тоа колку е сериозна пандемијата, која усмрти над 120 илјади Американци, тоа ги принуди сојузните држави на отворање порано од тоа што експертите го сугерираа.