Поплави во Украина – најмалку тројца загинати и поплавени 5.000 куќи

Најмалку тројца луѓе зигинаа во поплави во Украина, кои принудиле голем број луѓе да ги напуштат домовите, отсекувајќи села во западните региони.

И додека многумина се обидуваат да ги заштитат своите домови, околу 800 луѓе се евакуирани откако во понеделникот почнаа да врнат обилни дождови, рекол министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков, кој заедно со премиерот Денис Шмигал, ја посетил зоната во која се случила непогодата.

Околу 5.000 куќи и 187 села останале поплавени според извештаите на службата за итни случаи.

Нарекувајќи ги најсилни поплави по долго време, министерот за внатрешни работи изјави дека четири хеликоптери, еден авион и 150 војници се испратени во поплавените места.

Треба да знаете
Последни објави