Во трговски центар во американската сојузна држава Вирџинија дошло до пукање, а еден човек итно е пренесен во ургентен центар со повреди опасни по животот, пренесуваат американските медиуми.
Началникот на полицијата на Честерфилд изјавил дека по 18 часот дошло до тепачка во продавница во трговскиот центар, по што едно лице е рането од огнено оружје.
Полицијата нема осомничен за овој напад, ниту опис на напаѓачот. Форензичарите ги анализираат снимките од безбедносните камери.