На 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, кои ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик.
Од МВР потенцираат дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 544 прекршоци.