Русија и Унгарија се близу до потпишување нов договор за снабдување со гас по октомври 2021 година, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Шијарто.
„Ние сме близу до потпишување нов договор за снабдување на (руски) гас на Унгарија по октомври 2021 година, кога истекува сегашниот долгорочен договор. Пред нас е договор за количини и склопување нов договор за следниот период”, рече Шијарто во интервјуто за „Известија”.
Во моментов има два договори за снабдување со гас на Унгарија од Русија помеѓу руската компанија „Газпром“ и унгарската „Панрусгаз“ и тие важат до крајот на 2021 година.
Според овие договори, природниот гас се испорачува од Русија во Унгарија преку Берегово на украинско-унгарската граница и Баумгартен на словачко-австриската граница.