Спасовски: Отворањето на границите не е политичка одлука

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција порача дека отворањето на границите не е никаква политичка одлука.

Според него, не е точно оти одлуката била донесена за да се вратат иселениците и да гласаат на 15 јули, туку границите се отвораат поради епидемиолошка проценка направена од страна на Комисијата за заразни болести.

-Отварањето на границите го најавуваме повеќе време зависно од анализите на Комисијата за заразни болести, а тоа е врз основа на епидемиолошката анализа која се прави и овде и во регионот. Најпрво ЕУ ги отвори границите за своите членки и тие на тој начин функционираат помеѓу себе. Во изборна кампања сите сакаат лесно да излезат пред граѓаните и да соопштуваат одлуки кои ги ставаат во корелација со нивните ставови. Јас сепак сакам да ги почитуваме сите оние кои носат одлуки врз основа на анализи, бидејќи така правевме и досега. Одлуката се темели строго на препораките на Комисијата за заразни болести. Ќе живееме со вирусот со почитување на мерките. Овие рестриктивни мерки го дадоа својот резултат. Отворањето на границите не е во корелација со изборниот процес и не е никаква политичка одлука, истакна премиерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави