Американскиот Стејт департмент го осуди терористичкиот напад во Сирија и повика на средување на конфликтот во земјата.
Надворешно-политичкиот орган на САД изрази сочувство до роднините на загинатите и ранети мирни жители во вчерашната експлозија во Тел-Халаф, во северниот дел на Сирија , а имаше и воздушни удари во градот Кобане.
Стејт департменот ги повика сите страни да се фокусираат на постигнување долгорочно решение на ситуацијата во Сирија, согласно резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН.
Претходно, сирискиот весник Ал-Ватан пренесе дека во експлозија на автомобил-бомба во Тел-Халаф загинале најмалку три лица.
Некои медиуми јавуваат дека нападите се организираи од сириски екстремистичи групи, поддржани од Турција, која лани окупирше територии во северниот дел на Сирија.