Тензиите во Будва не престануваат, обезбедувањето селективно по список ги пушта вработените на работните места

Тензиите околу општинската зграда во Будва продолжуваат. Утрово приватното обезбедување не ги пуштило да влезат во зградата разрешение функционери, градоначалникот Марко Царевиќ и претседателот на СО Крсто Радовиќ, но затоа пак им овозможувало влез на своите работни месата само на вработените кои се наоѓале на списокот што го добиле.

Оваа поделба на вработените дополнително ја вжештила атмосферата пред зградата каде пак се собрале граѓани, на кои истотака им е забранет влез во општинскта зграда. Пристигнале и дополнителни полициски сили.

Треба да знаете
Последни објави