Нема опасност од излевање на поголемите реки во земјава и покрај најавите дека во наредните неколку дена се можни локални поројни врнежи дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Но, доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и и паднат за кратко време, во форма на невреме со силен ветер, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување.
– Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи е можно и локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, наведува УХМР.