Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.
Според дел од косовските медиуми, обвиненија се подигнати и против други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиство, прогони и тортура.
Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и друготе осолничени сносат кривична одрговорност за речиси 100 убиства.
Во обвинението се наведуваат стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.