Претседателот на Австрија, Ван дер Белен, често се вози со јавниот превоз. Тој ја продолжи таа практика за време на пандемијата на Ковид-19, за што сведочи и фотографијата што ја објави минатата недела.
„На пат со (виенскиот трамвај) Винер линиен за посета на Complexity Science Hub во Виена“, се наведува на официјалната фејсбук-страница на Ван дер Белен со фотографија, во пост на 16 јуни.
https://www.facebook.com/alexandervanderbellen/photos/a.141044352607282/3332644243447261/?type=3
Возејќи се со јавен превоз и притоа штедејќи ги парите на неговите даночни обврзници, австрискиот претседател носи маска, како што се гледа на фотографијата.
На тој начин го намалува ризикот да се зарази од други, но и самиот да зарази други лица во случај тој да е позитивен за коронавирус, а да не знае. Со тоа тој им дава позитивен пример на своите сограѓани.