Еден загинат во невреме во Истанбул проследено со грмотевици и торнада (видео)

Силно невреме го погоди вчера Истанбул проследено со пороен дожд, грмотевици и торнада, јавија турските медиуми.

Во невремето загина Сириец на возраст од околу 30 години.

Истанбулската метеоролошка служба предупреди со жолт код за очекуваното лошо време во метрополата.  Во населбата Бешикташ, многу автомобили останаа потопени до половина. Плоштадите и улиците се претворија во реки. Во областа на Босфорот и околината, дождот се претвори во град.

https://youtu.be/4dH6QAVrtIw

Од невремето искорнати беа дрва во областа Аџибадем, а торнада се формираа во Чаталџа и Хадумкој, што се гледаат само во апокалиптични филмови, јавија локалните медиуми.

Десетици покриви беа урнати, поплавени се згради.

„Невреме во метрополата се очекува и денеска”, предупредуваат медиумите.

https://youtu.be/_XK-be56b0Q

Треба да знаете
Последни објави