Познатата актерка Кетрин Зита-Џонс сподели интимна фотографија за Денот на таткото со која реши да му оддаде почит на нејзиниот сопруг Мајкл Даглас.
50-годишната актерка објави стара фотографија на која позира со нивните деца и постариот син на Мајкл од претходниот брак.
„Те сакаме, Мајкл, среќен Ден на таткото, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата.
Мајкл ја држи својата ќерка Керис, која сè уште е во пелени, а сега има 17 години, додека Кетрин седи со синот Дилан во рацете.
Дилан денес има 19 години, а на фотографијата се гледа и синот на Мајкл, Камерон, кој сега има 41 година.
Мајкл и Кетрин се во брак 20 години, а неговиот татко Кирк Даглас почина на 5 февруари 2020 година, па затоа годинашниот Ден на таткото беше тажен за актерот.