Вчерашниот ден беше кошмарен за врвните спортисти, тенисерот Новак Ѓоковиќ и НБА-кошаркарот Никола Јокиќ, откако беше објавена информацијата дека имаат позитивни тестови на коронавирусот. Двајцата беа заедно на проштален кошаркарски натпревар во Белград кој го организираше Мега Бемакс по повод заминувањето на Дејан Милојевиќ од нивниот клуб.
На овој меч беше и Никола Јанковиќ кошаркарот од Партизан кој имаше позитивен тест на коронавирусот, што многумина сметаат дека тоа било причината за ширење на заразата.
Она што во оваа приказна е необично дека Јокиќ бил инфициран веќе неколку дена, а не се знаело се додека не пристигнала информацијата од Америка.
-Добри сме сите. И Никола е добар. Помина една недела .. Тоа што имаше помина. Нема никакви симптоми и наскоро ќе им се врати на своите обврски – вели таткото на Јокиќ.
Кошаркарот на Денвер, Јокиќ го одложи враќањето во САД поради коронавирусот.