Солскјер: Јунајтед сè уште не е подготвен да се бори против Ливерпул и Сити

Манчестер Јунајтед ги стабилизираше своите настапи оваа сезона, но според менаџерот Оле Гунар Солскјер, неговиот тим сè уште не е подготвен да се бори против Ливерпул и Манчестер Сити за титулата. Пред пандемијата, „црвените ѓаволи” беа без пораз во серија од 11 последователни натпревари и се борат за место во ЛШ.

– Покажавме добар развој пред паузата. Ако ги додадете Пол Погба и Маркус Рашфорд во тогашната постава, си велите себеси: „Не сме толку далеку”. Тоа ме прави среќен, вели Норвежанецот.

Вечерва Јунајтед е домаќин на својот директен конкурент Шефилд Јунајтед и во случај на победа тие ќе бидат 2 бода поблиску до четвртиот Челси.

– Ќе мора да потрошиме пари ако сакаме да земеме нови играчи кои ќе нè направат посилни. Јас сум задоволен сум од мојата моментална постава, затоа што оди во вистинската насока. Но, сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме, имено доволно близу до нивото што би ни дало можност да спориме за титулата. Очигледно е дека во последните две сезони Ливерпул и Сити многу ја кренаа границата. Ние одиме чекор по чекор. Да се ​​надеваме дека сега можеме да се бориме за трофејот во Лига Европа, ФА Купот и место во топ 4. После тоа ќе видиме колку би можеле да инвестираме во нови играчи, посочи Оле.

Треба да знаете
Последни објави