Здружението, формирано на 24 јуни 1990 година во Охрид е најстарата општествено-политичка организација на оваа заедница на Балканскиот Полуостров, која има за цел заштита и унапредување на културата и идентитетот на Египќаните во Република Северна Македонија, развој на образованието, заштита на човековите и малцинските права, како и поголемо вклучување на припадниците на оваа заедница во Република Северна Македонија.
„Чест ми е што денеска сте тука и особено сме горди што како Влада го изградивме и продолжуваме по патот на почитување на концептот „Едно општество за сите”, почитувајќи ги сите заедници, особено оние помалубројните”, рече премиерот Спасовски, честитајќи го Меѓународниот ден на Балканските Египќани, како и тридеценискиот јубилеј од формирањето на Здружението на Египќаните во Северна Македонија.
Учесниците во делегацијата на заедницата на Египќаните, заблагодарувајќи се за приемот, на премиерот Спасовски му изразија поддршка за конструктивните политики на Владата за значително подобрената состојба за разлика од наследената состојба со поделеното општество, говорот на омразата и криминалот од омраза кон „другиот”.
Претставниците на заедницата на Египќаните изразија поддршка за преземените политики особено со зголемувањето на политичката претставеност на Египќаните во процесот на донесувањето на одлуките.