УХМР: И покрај најавите за поројни дождови, нема опасност од излевање на поголемите реки, но можно е слевање вода во градските средини

Нема опасност од излевање на поголемите реки во земјава и покрај најавите дека во наредните неколку дена се можни локални поројни врнежи дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Но, доколку на одредени места врнежите бидат поинтензивни и и паднат за кратко време, во форма на невреме со силен ветер, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување.

– Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи е можно и локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, наведува УХМР.

Треба да знаете
Последни објави