55 нови случаи на коронавирус во Токио

Токио има регистрирано 55 нови случаи на инфекција со коронавирус, најголем број од почетокот на мај, но официјалните лица велат дека растот не значи итно враќање на економските ограничувања, соопштија официјални лица од Одделот за инфективни болести во главниот град на Јапонија.

Тие наведуваат дека претходното тестирање било ограничено на лица со симптоми или блиски контакти со потврдени пациенти, а сега тестирањето е проширено и на вработените во ноќните клубови, пренесува АП.

Медиумите јавуваат дека межу заболените има и „кластери“ во одредени компании, поради што експертите велат дека ситуацијата треба внимателно да се следи. Официјални лица и експерти се согласуваат дека агресивното тестирање е клучно за продолжување на социјалните и економските активности.

Јапонија ја укина седумнеделната вонредна состојба кон крајот на мај. Досега се пријавени 18.024 случаи на заразени и 963 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави