(Видео) Бујица ги однела телата на брачен пар од околината на Студеница

Надојдените води во реките и потоците кои предизвикаа големи проблеми во западните делови од Србија однесоа и два животи. Како исчезнат во бујицата од реката Студеница утрово се води осумдесетгодишниот брачен пар Раде и Смилјана Богојевиќ, кој живеел во близината на истоимениот манастир.

Соселаните наведуваат дека реката Студеница излегла од своето корито и целосно ја поплавила куќата во која живееле Бпогојевиќ. Нивниот син кој живеел во близината, но на повисока кота последен пат со родителите се слушнал вчера околу шест часот утрото. Во текот на денот повеќе пати екипи на спасители се обидувале да дојде до нивната куќа, но не им успеало, па во попладневните часови бил пуштен на помош хеликоптер за да се стигне до куќата по воздушен пат.

Еден од спасителите успеал да стигне и да влезе во куќа, но не ги пронашол телата на брачниот пар. Се претпоставува дека брачниот пар во обидот да ја напушти куќата се удавил, па нивните безживотни тела надојдената вода ги однела со себе.

Во поплавената куќа во која животот го загуби брачниот пар Богојевиќ, водата се искачила до првата плоча.

Треба да знаете
Последни објави