Вучиќ: Добив мудри совети од Путин за прашањето околу Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по вчерашната средба со својот руски колега, Владимир Путин во Москва порача дека имал добар и срдечен разговор во четири очи. Рускиот претседател по оваа средба потврдил дека во октомври ќе ја возврати посетата на Србија. Вучиќ обелоденил дека ова било прилика да разговараат со Путин за сите актуелни теми.
-Се разбира разговаравме и за Косово, но и за сите регионални прашања. Ги опфативме сите идеји кои постојат во светот за изнаоѓање на решение за косовскиот проблем. Путин ја почитува Србија и нејзините ставови во врска со решението на ова прашање. Добив добри и мудри совети, како и корисни анализи од претседателот Путин. Тој е мудар и искусен и знаее на паметен начин да укаже на одредени работи. Многу ми беше значајно да ги слушнам неговите ставови и анализи. Разговаравме за сите клучни прашања околу ситуацијата со КиМ, регионот, односите во светот и воено техничката соработка меѓу Србија и Русија – истакнал Вучиќ.

На 27 овој месец српскиот претседатели Вучиќ патува во Вашингтон каде ќе има разговри со косвоскиот тим под покровителство на САД.

 

Треба да знаете
Последни објави