Државата во која стотици илјади луѓе не слушнале ништо за коронавирус

Илјадници луѓе во подрачје на западен Мјанмар не знаат ништо за коронавирусот поради тоа што една година немаат пристап до интернет, објави Си-ен-ен.

Минатата година владата на Мјанмар, предводена од државниот советник Аунг Сан Су Кју, го изгасна интернетот во девет градови поради загриженост дека се користи за поттикнување судири меѓу војската и бунтовниците.

Во февруари оваа година во еден град е вратен интернетот, но во другите осум, во кои живеат околу 800.000 луѓе, сè уште нема интернет. Организациите „Хјуман рајт воч“ и „ Амнести интернешнал“ тврдат дека поради тоа луѓето се во животна опасност. Не само поради тоа што не можат да дојдат до информација за потенцијалното кршење на човековите пава, туку и поради тоа што не знаат ништо за коронавирусот.

Според податоците од Министерството за здравство во Мјанмар досега се детектирани 292 случаи на коронавирус, шестмина починале, а тестирани се вкупно 64.532.

Поголем број заразени се забележани во градовите Маунгдав и Бутидаунг во северната држава Ракина, каде над 100.000 Рохињи од исламска вероисповед живеат во преполни кампови. Многумина од нив побегнале од земјата по операцијата за чистење.

Треба да знаете
Последни објави