Дурловски: Не смееме да дозволиме да се изгуби статусот на Унеско на Охрид, ќе се посветиме и на младите и на образованието

Игор Дурловски, носител на изборната единица 6 во своето вклучување во вестите на телевизија 24 зборуваше за тоа кои ќе бидат клучните пораки кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати од Охрид  каде посочи дека ќе бидат испратени пораки со позитивна енергија.

„Од моја страна ќе биде испраќање позитивна енергија затоа што сметам дека во последниов период од повеќе месеци можеби несакајќи  предкампањски период беше релативно валкана кампања и што се однесува до мојот дел јас ќе се потрудам на гласачите односно на македонскиот народ да им пренесам позитивна енергија, да им пренесам позитивни пораки, да го претставам проектот „Обнова“ и верувам дека целиот тек на кампања ќе продолжи во такво светло затоа што имам чувство дека граѓаните се заморени од негативни вести, заморени се од лажни вести, од црни кампањи и ќе се потрудам акцентот да го ставам на младите, но во секој случај политичкиот опонент треба да очекува дека мојата кампања ќе биде позитивна“, истакна Дурловски.

Дурловски во своето вклучување зборуваше и за проектот за Унеско каде кажа дека лично тој лично ќе се посвети на делот за културата и се надева дека Охрид нема да го изгуби тој статус.

„Проблемот со  статусот со Унеско е еден од најголемите. Меѓутоа мислам дека на граѓаните им се многу важни инфраструктурните проекти, меѓу другото еден од најважните проекти е поврзувањето на Кичево-Охрид за кој знаеме дека последните три години е статус кво. Секако ќе се потрудиме во најбрз рок да го поврземе Охрид со Скопје. И не само тој проект туку имаме и во самата програма посветено и на младите и на здравството и околу образованието, културата. Лично јас ќе се посветам многу во делот на културата затоа што како што го започнавте прашањето околу Унеско, треба да се потрудиме да не се доведеме до ситуација да го изгуби статусот на Унеско-Охрид и верувам дека ќе се потрудиме се да заврши во најдобра ред, потенцираше Дурловски.

 

Во врска со тоа каква ќе биде кампања Дурловски посочи дека очекува дека гласачите ќе ги почитуваат мерките.

„Јас секако очекувам дека мерките секој од гласачите ќе ги почитува. Верувам дека во следниот период и ние ќе апелираме. И нашите политички противници и сите останати кои што учествуваат во изборите да имаме не само фер туку и безбедни избори, затоа што не само што досега не сме имале такво искуство да организираме избори во ваква атмосфера или во ваква ситуација. Туку ќе треба да дадеме навистина се од себе, затоа што безбедноста или здравјето на граѓаните е пред се“, нагласи Дурловски.

Треба да знаете
Последни објави