Европол: Последиците од пандемијата можат да влијаат на радикализација

Рестриктивните мерки кои се воведени поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус би можеле да поттикнат радикализација, предупредува Европол, укажувајќи на зголемување на насилството од екстремната десница и екстремната левица во изминатата една година.

Економските и општествените последици би можеле да „поттикнат радикализација од поединци, независно на нивните идеолошки верувања”, наведува извршната директорка на европската полициска агенција, Катрин де Бол во извештајот „Ситуации и тенденции на тероризмот”.

– Активисти на екстремната левица, како и на екстремната десница, и оние кои се вмешани во џихадистички тероризам, се обидуваат да ја искористат можноста, која ја создаде пандемијата, истакна Де Бол.

Таа смета дека екстремно десничарските мрежи, дури и ако не вршат насилни дела, поттикнуваат штетна атмосфера.

– Таква атмосфера изградена на ксенофобија, омраза кон Евреите и муслиманите и антимигрантските чувства, може да доведе до насилство на радикализирани поединци, како што можевме да видиме во изминативе месеци, нагласи Катрин де Бол.

Треба да знаете
Последни објави