Заев:„Реформата на правосудството, на здравството, на образованието, на културата, на социјалната заштита значи економија, значи повисок економски стандарт на нашиот народ. Секако сите докази зад нас кои што оставија впечаток дека во 2,5 – 3 години мандат којшто го имавме како Влада предводена од СДСМ во време кога ги решивме најголемите прашања дефинитивно успеавме да ја дигнеме македонската економија од -1,8% до 3,6% раст на севкупното БДП, ја подигнавме минималната плата за повеќе од 5.000 денари, за повеќе од 5.000 денари просечната плата, 1800 пензиите се покачени, платите на здравствените работници да не зборуваме за преку 30,40%. 21% на образованието, на наставниците и учителите. Докажавме дека можеме, но дефинитивно можеме уште повеќе и уште подобро.“