Полицијата поднесе кривична пријава против О.С.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 16.03.2020 на ул.„Есперанто“ во Куманово, додека полициски службеници се движеле зад автомобил „ауди А4“, управувано од А.Р. од Куманово, во кое како совозач се превезувал О.С., забележале како од совозачкото место од прозор биле исфрлени неколку најлонски пакувања.
Пакувањата биле одземени и по извршеното вештачење било утврдено дека станува збор за марихуана.