Справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот покажа дека сите надлежни институции, министерството за здравство, здравствените работници беа на ниво на задачата, рече Сања Лукаревска, носителка на ИЕ 2 во тандем со Оливе Спасовски.
“Колку ние ќе успееме како политички партии со нашата програма со нашата идеја да ги привлечеме да гласаат граѓаните, толку поуспешни ќе бидат изборите и посигурен ќе биде резултатот. Очекувам доволна излезност . Ако можат граѓаните да дојдат на средби да дојдат на штандовите, сметам дека не е проблем и да се гласа. Сметам дека целиот процес е добро смислен. Денот на гласањето е продолжен, има и два дена претходно за гласање и мислам дека тоа прави гласачите се почувствуваат сигурни во гласањето”, рече Лукаревска.
Лукаревска рече дека СДСМ ке води максимално безбедна кампања за сите граѓани, но и на активистите и сите уесници во изборниот процес.