Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 2 денеска оствари средба со граѓани од Чаир каде што истакна дека големата поддршка во оваа општина гарантира убедлива победа која ќе донесе промени во Македонија и со која сите црнила и неправди ќе станат минато.
Мисајловски посочи дека СДСМ и сега како и минатите избори ветува се и сешто, но сведоци сме дека ништо од тоа не исполнува, додека за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на тоа што ќе го вети и истото го исполнува.
– Програмата на ВМРО-ДПМНЕ има зголемување на плати, пензии, намалување на трошоците кои ги прават извршителите. Многу проекти во инфраструктурата, а не оние кои ги ветуваат 230 километри автопати кои никој не ги видел или илјадници километри патна мрежа која исто така никој не ја видел. Ние тоа што ќе го ветиме тоа и ќе го исполниме, истакна Мисајловски.
Тој додаде дека повеќе од јасно е дека СДСМ дојде на власт со единствена цел да го смени името на Република Македонија.
– Тие дојдоа само за една цел а тоа е за промена на името. Велеа дека не постои таков човек кој ќе дојде и ќе го стори тоа. Ги знаете и начините, прогонот што се вршеше врз ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери итн. Народот сега е охрабрен многу луѓе излегоа да ни се придружат. Вистинската опција е ВМРО-ДПМНЕ за да има подобра иднина за сите, изјави Мисајловски.
Мисајловски на крај посочи дека за да се спречи иселувањето на цели фамилии особено од Чаир мора масовно да се излезе на 15 јули и да се казни СДСМ
– Нема друг начин, мора да има избори и ќе бидеме максимално внимателни со почитување на сите мерки. Да ги замолиме граѓаните да ни ја дадат довербата да видат дека она навистина што го говориме е реално и искрено. Јас она што ќе го ветам пред вас, навистина ќе го исполнам и ќе се борам не само во Собранието туку и во владата, тоа да се исполни. Граѓаните заслужуваат убав живот, заклучи Мисајловски.