Помпео: САД работи со европските земји на изнаоѓање начин за безбедно патување

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека Соединетите Американски Држави работат со европските и други земји за тоа како повторно да се воспостави безбедно патување по рестриктивните мерки поврзани со коронавирусот.

Тој ја даде изјавата откако се појавија критериумите на ЕУ врз основа на кои им се забранува на Американците да патуваат во европските земји, поради високата стапка на заразени со коронавирус.

– Работиме на изнаоѓање вистински начин да го сториме тоа, во вистинскиот момент за тоа, со вистинската тактика, рече Помпео на прес-конференција.

Тој истакна дека Американците не сакаат никаде да предизвикаат проблеми.

– Уверен сум дека во наредните недели ова ќе го решиме не само меѓу САД и ЕУ, туку и меѓу САД и другите делови на светот, рече Помпео. 

Треба да знаете
Последни објави