Демократската партија на Албанците (ДПА) на градскиот плоштад во Тетово ја презентираше платформата за превремените парламентарни избори на 15-ти јули.
„Доаѓа лето низ врата” е мотото со кое ќе настапи ДПА на парламентарните избори.
– Целта на ДПА, претседателот на партијата да биде заменик премиер. Ова не е индивидуален проект. Заменик премиер на Македонија и премиер на Албанците, не претендирам дека се ќе знам. Овие луѓе што ги гледате со мене се професионалци, кои ќе ги именувам во институциите и ќе работат да го подобриме социјалниот елемент. Сите Албанци да ги „отворат вратите, дојде лето низ врата” Секој да ја отвори вратата бидејќи победата на ДПА нема смисла ако не изгуби Али Ахмети и ДУИ, истакна претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Тој нагласи дека доколку овие пратеници успеат да бидат дел од Владата ќе работат на достигнување на високо ниво на консензуална демократија.
– Планот на ДПА е уште од кога дојде Арбен Џафери од Приштина дека во Македонија треба да има консензуална демократија. Моја работа како премиер, на Албанците ќе гарантира дека ќе бидат поставени во институциите и ќе го поделат буџетот рамноправно. Консензус ќе има така што ќе има два дома во Собранието, рече Тачи, носител на листата во шестата Изборна единица.
Во првата Изборна единица носител на листата со кандидати за пратеници е Ниметула Демири, а во втората Орхан Ибрахими. Прв од кандидатите во третата изборна единица е Сами Рушити, додека во четвртата изборна единица ДПА нема да има кандидати. Во петтата изборна единица носител на кандидатската листа е Васви Доко.