Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска се зголеми за 0,1 процентни поени во мај во однос на април, на 9,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 15 месеци, според објавените официјални податоци.
Растот на стапката на невработеност на почетокот на туристичката сезона не е вообичаен во споредба со претходните движења на хрватскиот пазар на трудот, се наведува во анализата на Рајфајзен банка Австрија.
Според најновите податоци на хрватската Служба за вработување, бројот на регистрирани невработени на крајот на мај изнесувал 157.839, што е за 1.395 лица (-0.9 отсто) помалку отколку во април, додека активното население било 1.664.801 лица и било за 22.127 помалку (-1.3 отсто).
Регистрираната стапка на невработеност претставува сооднос на бројот на невработени со активното население, така што горенаведената динамика на овие два индикатори последователно доведе до зголемување на регистрираната стапка на невработеност на месечна основа, се објаснува во анализата.
На годишна основа, стапката на регистрирана невработеност се зголеми за 2,5 процентни поени во мај.