На мојата денешна средба со сопственичката на модната конфекција ” Eдтко “- Тетово, Ленче Николовска го презентираме моделот на успешна жена претприемач.
Компанијата ” Eдтко ” е една од многуте корисници на пакет мерките за финансиска помош наменети за успешно справување со последиците од коронакризата.
Како општествено одговорна компанија, “Едтко” донираше маски од сопствено производство на јавното здравство, на Центарот за социјална работа, на Центарот за дијализа и на граѓани на Тетово
Нашата определба во новиот 4 годишен чист мандат е да овозможиме максимални услови за унапредување на домашната економија.
Успешни домашни компании конкурентни на светскиот пазар значат повеќе работни места, повисоки плати, задоволни граѓани.
Можеме уште подобро, уште повеќе.