Локалните власти во Љубљана со специјални понуди за домашните туристи ќе се обидат да ја спасат летната туристичка сезона погодена од епидемијата на коронавирусот.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, градот подготви дводневни понуди за домашните туристи со цел да дојдат во главниот град на Словенија и на тој начин да го ублажат големиот пад во секторот угостителство и сместување.
Како што објавија претставници од градот, подготвени се три различни пакети, односно еден за цели семејства, друг за оние кои сакаат екстремни спортови и авантури и трет за љубителите на културата и гастрономијата.
Словенечката Влада со цел да го стимулира и помогне домашниот туризам на граѓаните им додели ваучери во вредност од 200 евра кои можат да се искористат за плаќање на сместување во домашните капацитети.