Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска реагираше на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче за можно разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери, кој ги повика печалбарите Албанци да дојдат во земјата и да гласаат посочувајќи дека границите се отворени и дека не им треба ПЦР тест за коронавирус.
-Д-р Арбен Зибери е кандидат за пратеник во Првата изборна единица и
како и секој друг има право да изразува политички ставови во предизборни
кампањи заштитувајќи ја институцијата што ја води од какво било
политичко инволвирање. Тој беше столб на Владата и Министерството за
здравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата
работа, стои во реакцијата на ДУИ.
Тие бараат од Филипче да не се обидува да го негира правото на политичко изразување во предизборната кампања заради неговите партиски калкулаци.