Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските, но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата, тие не можат никогаш да ги фрлат тие маски, порач вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев од Охрид.
На граѓанска трибина Заев се осврна и на вложувањата на локалната и централната власт во Охрид во последните три години и направи споредба со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети и на просечната плата од 22.300 денари која ја затекнале кога СДСМ дојде на власт и со сегашната која во март оваа година беше 27,500 денари која е зголемена за повеќе од 5.000 денари,
-Паралелно со тоа ги покачивме и пензиите само од јануари се 722 денари покачени пензиите, за целите 2,5 години се покачени во просек за 1.800 денари пензиите. Во образованието за 2,5 години за 21 процент ги покачивме платите. Покачени се платите на вработените во детските градинки, на културните работници, покачени се сите плати во државата на ниво на минилна плата и на ниво на просечна плата. 5.550 ја покачивме минималната плата, од 9.000 денари на 14.500 денари, рече Заев.
Пред охриѓани претседателот на СДСМ порача дека сега кога имаме шанса и кога имаме пријатели и кога сме членка на НАТО и имаме одлука за почеток на преговорите, не ни треба враќање назад.
– Не знаевме кој какви намери има да не крчми, на дели или поделува, сега членот 5 од НАТО вели ако една земја е нападната нападнати се сите 30 земји членки. Имаме држава, целовитост и територијален интегритет, стабилност на нашите граници и испорачуваме стабилност за целиот регион. Имаме држава признаена од целиот свет во која живеат доминантно македонци признаени како идентитет од целиот свет што зборуваат македонски јазик признаен од целиот свет, нагласи Заев.