Ливерпул може да стане шампион на теренот на Манчестер сити

Лидерот на табелата во англиската фудбалска Премиер лига, Ливерпул кој синоќа го совлада Кристал Палас (4:1) во натпреварот од 31. коло, го дели само еден чекор од шампионскиот трофеј.

Тимот на Јирген Клоп сега има 86 бода, додека актуелниот првак Манчестер сити е втор со 63 бода.

Според ова, Ливерпул уште вечер може да стане шампион, доколку Сити не го победи Челзи. Во случај „граѓаните” да ги освојат трите бода во Лондон, Ливерпул титулата ќе има шанси да ја освои токму на теренот на Манчестер сити на 2 јули за кога е закажан нивниот дуел од 32. коло.

Ливерпул нема шампионски трофеј во Англија цели 30 години.

Треба да знаете
Последни објави