Патот Штип – Радовиш отворен за сообраќај, минирањето е одложено

Патот Штип – Радовиш ќе остане отворен за сообраќај, минирањето е одложено, соопшти АМСМ.

„Според информацијата од изведувачот на работи ‘Страбаг АГ’, денеска на експресниот пат Штип – Радовиш, кај м.в. Пилав тепе, нема да се изведува минирање и сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои“, соопштија од АМСМ.

Претходно беше соопштено дека патот ќе биде затворен од 12:40 часот.

Треба да знаете
Последни објави